Свет Свет Во невреме во Иран загинаа најмалку четири лица

Во невреме во Иран загинаа најмалку четири лица

Во невремето што го погоди северниот дел на Иран загинаа четири лица, јавуваат иранските медиуми.

Тричлено семејство се удавило во поплавите од надојдената река во провинцијата Голестан, а повозрасна жена загинала од гром.

Иранската државна новинска агенција ИРНА наведува дека ветерот кој дувал со брзина од 130 километри на час ја прекинал електричната енергија и ги оштетил покривите на повеќе од 900 куќи.