Спорт В недела, женска трка во Скопје

В недела, женска трка во Скопје

В недела, во 11 часот, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, како дел од промотивните трки на „Виз ер – Скопски маратон 2015“,  ќе се одржи третата „Женска трка“, која има цел да им помогне на жените со вежбање да превенираат заболувања.
Со почеток од 10.30 часот, ќе се оддржи аеробик-час, а веднаш потоа, во 11 часот, почнува и трката на 1.000 метри.

Место на случувањето е Градски парк, кај Школка. Право на учество имаат сите припаднички на понежниот пол од сите возрасти, а пријавувањето е најдоцна до денеска, 2 април. Котизацијата за учество се симболични 100 денари.