Македонија Во недела почнува зимското сметање на времето

Во недела почнува зимското сметање на времето

Фото: Sonja Langford, Unsplash

На 25 октомври, во недела започнува зимското сметање на времето со поместување за еден час наназад, односно времето од 3 часот ќе се смета како 2 часот, информираат од Бирото за метрологија.

Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2020 година е објавена во Службен весник на РСМ број 79, од 26.03.2020 година.