Свет Свет Во напад во Пакистан, 104 лица убиени, меѓу кои 84 деца

Во напад во Пакистан, 104 лица убиени, меѓу кои 84 деца

Во нападот врз училиште во пакистанскиот град Пешавар најмалку 104 лица биле убиени, меѓу кои 84 деца. Според неофицијалните информации, има и многу повредени.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Според нив, овој напад бил одмазда за воените операции на пакистанската армија во Северен Вазиристан.