Свет Во напад на Боко харам во Нигерија загинаа 40 лица

Во напад на Боко харам во Нигерија загинаа 40 лица

Најмалку 40 лица загинаа откако исламистичката организација Боко харам нападна група истражувачи на нафта во североисточниот дел на Нигерија, соопштија нигериските власти.

Во борбите во близина на градот Маигури загинаа пет истражувачи. Меѓу загинатите има и нигериски војници и екстремисти, пренесува „Би-би-си“.

Властите стравуваат дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Побуната на Боко харем трае осум години и досега однесе повеќе од 20.000 животи.

Исламистичката група и понатаму изведува смртоносни напади и покрај тоа што владата минатата година соопшти дека екстремистите се поразени.