Свет Во налет на тајфун во Јапонија повредени 51 лице

Во налет на тајфун во Јапонија повредени 51 лице

Најмалку 51 лице е повредено во Јапонија во налетот на тајфунот Нора, проследен со обилен дожд кој предизвикал поплави.

Тајфунот ги погодил западните делови на земјата, проследен со ветер кој достигнал брзина и до 108 километри на час.

Метеоролозите истакнуваат дека тајфунот се поместува накај североисток.

Јапонската телевизиска станица НХК известува дека 51 лице се повредени, како и дека многу куќи и патишта се поплавени.