Македонија Во МАНУ ќе се формира совет за евроинтеграции

Во МАНУ ќе се формира совет за евроинтеграции

Во Македонската академија на науките и на уметностите (МАНУ) денеска ќе се формира совет за евроинтеграции.

Како што соопштија од МАНУ, на конститутивната седница ќе присуствува и заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

Предвидено е по фомирањето на советот за евроинтеграции, да биде потпишан меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и МАНУ во интерес на забрзување на интеграцијата на земјава во ЕУ.

Потпис на документот треба да стават претставниците на двете институции, вицепремиерот Бесими и претседателот на МАНУ, акадeмик Таки Фити.

Според текстот на меморандумот, целта е преку разни форми на соработка да се создаде платформа за креирање синергија помеѓу научниот потенцијал, администрацијата и деловната заедница. При тоа се дефинираат областите и начинот на соработка во насока на искористување на расположливото знаење и искуство и научно-истражувачките капацитети во сите области.