Хроника Во „лада нива“ откриени 12 мигранти, возачот побегнал

Во „лада нива“ откриени 12 мигранти, возачот побегнал

Полициска патрола синоќа, околу 23.50 часот, на регионалниот пат Гевгелија – Смрдлива вода во возило, марка „лада нива“ пронашла 12 мигранти кои илегално влегле на територијата на државата.

Според МВР, при контролата на возилото, кое било без регистарски ознаки, полицајците откриле 11 мигранти од Сирија и еден од Ирак, додека возачот успеал да побегне.

При прегледот на возилото, биле откриени гевгелиски регистарски таблички, сопственост на Ѓ.Ѓ. од селото Стојаково. Возилото и мигрантите биле предадени на полициската станица за граничен надзор „Гевгелија“ за натамошна постапка.