Македонија Во ковид-центрите низ земјава се лекуваат 101 пациент, има околу 530 слободни...

Во ковид-центрите низ земјава се лекуваат 101 пациент, има околу 530 слободни кревети

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 101 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 65 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, позитивни и суспектни на ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 7 болни, а во Куманово 16 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 7 пациенти, во Прилеп 2, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 36 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Немало примени пациенти и во ковид центарот во ГОБ 8 Септември, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 2 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 12 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 22 пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места во ковид-центрите во Скопје.