Хроника Во Конска Река пронајдена удавена жена

Во Конска Река пронајдена удавена жена

Во коритото на Конска Река вчера, во 11 часот, било пронајдено тело на удавена жена, која била од селото Моин, Гевгелиско.

Според податоците од МВР, увид на местото на пронаоѓањето на телото извршила екипа од полициската станица Гевгелија, при што е констатирано дека се работи за несреќен случај без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на фамилијата за погреб.