Свет Европа Во Келн уапсени 15 лица поврзани со албанската мафија

Во Келн уапсени 15 лица поврзани со албанската мафија

Во голема акција на германската полиција во Келн се уапсени 15 лица, а меѓу нив, наводно, е и шефот на албанската мафија во тој град.

Во акцијата учествувале околу 400 полицајци, а претресени се 54 стана.

Германската полиција соопшти дека станува збор за „банда по потекло од поранешна Југославија“, која се занимавала со шверц на хероин и на кокаин, како и со изнуда.