Ctrl - Z Во карантин со Софија Јанева (интервју)

Во карантин со Софија Јанева (интервју)

Софија Јанева е блогерка која на својот инстаграм профил ги споделува своите авантури – големи и мали од своите патувања. Покрај прекрасни фотки и совети за патување, на најзиниот профил можат да се видат совети за мода и козметика.

Еве што вели Јанева за нејзиното секојдневие во карантин и како таа го исполнува времето.

Колку се промени твоето секојдневие од почетокот на Ковид-19 пандемијата?

Да бидам искрена, немаше драстична промена во моето секојдневие бидејќи голем дел од мојата работа е онлајн. Со оглед дека работам во маркетинг агенција и како блогер, најголем дел од времето го поминувам на социјалните медиуми, видео конференции, комуникација преку мејлови и др.

Како се заштитуваш?

Првично се заштитувам со тоа што седам дома колку што е можно повеќе, а кога излегувам задолжително носам маска и избегнувам гужви.

Што научи за себе во самоизолација?

Научив дека обожавам да поминувам време со мојата фамилија!

Што ти недостасува најмногу?

Најмногу ми недостасуваат патувањата кои ми беа планирани овој период и за жал морав да ги откажам, секако и дружењето со моите пријатели, кафе во скопските кафулиња итн.

Без што до сега мислеше дека не можеш, а излезе дека можеш?

До сега мислев дека не можам да преживеам без козметички салони (маникири, педикири, депилации) но научив дека повеќето третмани можам да си ги правам во домашни услови, дури некогаш и подобро од професионалните салони!

Како си го исполнуваш времето?

Поголем дел од времето ми е посветено на работа, подготвување на здрава храна, гледање филмови и серии, читање интересни книги, па дури почнав да вежбам и јога!

Добра книга што треба да се прочита периодов. – Rich dad poor dad од Robert Kiyosaki

Добра серија што мора да се изгледа. – La casa de Papel, Black Mirror, Peaky Blinders, Locke & Key (не можев да набројам само една бидејќи сите се премногу интересни 😂)

Песна за на repeat? – Roses (Imanbek remix)

Видео/друштвена игра што треба да се игра? – Монопол!! Бидејќи редовно победувам, хаха…

Дали се плашиш? Што поточно те плаши?

Искрено не се плашам бидејќи знам дека се ќе помине, па дури и ова!

Се плашиш ли од 5г?

Не. Секој може да верува во што сака, но сметам дека треба да направат продлабочено истражување од валидни извори пред да донесат заклучок. Со оглед на големото присуство на лажни вести на социјалните медиуми, не треба да се верува во се што ќе се прочита. Воедно, според мене технолошкиот развој е неопходен во современиот свет и не треба да се попречува.

Што прво ќе направиш откако ќе заврши карантинот?

Ќе резервирам авионски билет зa некоја далечна дестинација!

Која е поуката од Ковид-19? 

Поуката можам да ја сумирам во само една реченица: “ Prevention is better than cure“

Опиши го твојот карантин со 5 emojis: 📱😻👩🏼‍💻💅🏻🍓