Свет Европа Во камион во Австрија пронајдени тела на 50 бегалци

Во камион во Австрија пронајдени тела на 50 бегалци

Во напуштен камион на истокот на Австрија денес беа пронајдени тела на околу 50 бегалци, објави весникот „Кроне“, наведувајќи дека тие најверојатно се задушиле.

Портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи потврди дека камионот е пронајден на автопатот кај местото Парнорф, наведувајќи дека во него има „многу мртви луѓе“.

Тој додал дека за сега не може да го прецизира бројот на пронајдените тела.