Хроника Во камион откриени 31 мигрант, возачот во бегство

Во камион откриени 31 мигрант, возачот во бегство

Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ поднел кривична пријава против 21-годишниот Д.И. од Велес, осомничен за криумчарење на мигранти, информираат од МВР.

Според полицијата, завчера мешовит патролен тип на автопатот меѓу селата Прдејци и Смоквица, забележал товарно возило марка „рено“, чиј возач, при обидот на полицајците да извршат контрола, успеал да побегне.

При прегледот на товарното возило, полицајците откриле 31 мигрант, кои нелегално влегле од Грција во земјава. Од нив 28 биле со потекло од Пакистан, а тројца биле индиски државјани.