Свет Во Јемен загинаа 14 цивили

Во Јемен загинаа 14 цивили

Четиринаесет цивили, меѓу кои има жени и деца, загинаа при бомбардирање на позициите на бунтовниците во градот Таез на југозападот на Јемен.

Силите под команда на племенскиот лидер Хамуд ал-Микхлафи сега контролираат 75 отсто од градот, вклучувајќи ја и претседателската палата и резиденцијата на поранешниот претседател Али Абдула Салех кој е близок со бунтовниците.

Првите конфликти околу градот Таез почнаа на средината на август и тогаш за 24 саати загинаа повеќе од 80 лица.

Бунтовниците во јули влегоа во Сана, два месеци откако тие ја срушија јеменската влада и заземаа големи делови од Јемен.

Јеменскиот претседател Абед Рабо Мансур Хади од тогаш е во егзил.