Свет Свет Во Јемен ослободен заробен Американец

Во Јемен ослободен заробен Американец

Еден од неколкуте американски државјани што во Јемен беше заробен од бунтовниците Хути, ослободен е благодарение на посредувањето на властите на Оман.

Американски официјален претставник, кој сакал да остане анонимен, рекол дека ослободениот Американец бил ранет под непознати околности и дека сега е во Оман, но не го навел името на ослободениот.