Македонија Во изминатото деноноќие регистрирани 440 прекршоци за неносење заштитна маска

Во изминатото деноноќие регистрирани 440 прекршоци за неносење заштитна маска

Фото: Арбнора Мемети

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во изминатите 24 часа регистрирани се 440 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лицето. Додека пак, за мерката самоизолација евидентиран е еден прекршител.

На територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 потпишале изјави за самоизолација.

Поминаа два дена откако целосно се укина мерката полициски час во земјава. На сила остануваат да важат мерките носење заштитна маска, држење физичка дистанца и честа дезинфекција. Паричната казната за неносење заштитна маска е 20 евра.