Македонија Во изминатото деноноќие МВР открило 585 лица што не носеле заштитна маска

Во изминатото деноноќие МВР открило 585 лица што не носеле заштитна маска

Голем дел од граѓаните или неправилно ги носат маските или не носат маски воопшто | Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во изминатите 24 часа регистрирани се 585 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лицето. Додека пак, за мерката изолација и самоизолација не се евидентирани прекршители.

На територијата на државата на 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 потпишале изјави за самоизолација.

Податоците од МВР покажуваат дека расте бројот на прекршоци за неносење заштитна маска.