Свет Европа Во хеликоптерска несреќа во Индија загинаа седум лица

Во хеликоптерска несреќа во Индија загинаа седум лица

Седум лица загинаа откако индиски воен хеликоптер се урна во зафрлен дел на североистокот на Индија.

Како што соопшти полицијата, хеликоптерот се урнал во планинското подрачје Таванг, во индиската сојузна држава Аруначал Прадеш, која се граничи со Кина.

Припадници на војската и на полицијата се на местото на несреќата, но засега не се знае причината за уривањето на хеликоптерот.