Хроника Во Грција оштетено возило на Македонец

Во Грција оштетено возило на Македонец

Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани што летувале во Грција.

Имено, вчера на граничниот премин Богородица, лицето Ј.Ч. од Скопје пријавило дека на 6 септември годинава, во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото, марка „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, така што на багажникот со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите – „SLAV“.Случајот не бил пријавен во грчката полиција.

Ова е дванаесетти случај во оваа туристичка сезона да се оштетуваат возила на македонски државјани кои летуваат во Грција, а регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.