Подглавна секција Во „голф“ превезувал деветмина мигранти од Индија и Сирија

Во „голф“ превезувал деветмина мигранти од Индија и Сирија

Фото: МВР

Ј.Л. (23) од с. Крушопек, е приведен откако во патничко моторно возило „голф“ превезувал девет лица – мигранти, петмина од Сирија и четворица од Индија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– На 22.01.2022 од страна на полициски службеници од полициска станица за граничен надзор и граничен премин Богородица на магистралниот пат село Удово – Дeмир Капија бил приведен Ј.Л. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – велат во министерството.