Свет Европа Во Германија уапсен Тунижанец поради планирање напади

Во Германија уапсен Тунижанец поради планирање напади

Германските власти извршиле рации на десетина локации на западот на земјата, при што е уапсен еден Тунижанец кој е осомничен дека регрутирал припадници на Исламска држава и собирал приврзаници за извршување напади во Германија.

Обвинителството во Франкфурт соопшти рано утринава дека претресени се 54 стана, деловни објекти и џамии во тој регион и дека под истрага се вкупно 16 лица, на возраст од 16 до 46 години.

Во Франкфурт при рацијата е уапсен 36-годишен маж за кој се верува дека врбувал и шверцувал нови членови на Исламска држава од август 2015 година.

Обвинителите наведоа дека плановите за напад биле во многу рана фаза и дека не била одредена конкретна мета.