Ctrl - Z Во Европска куќа се одржа промоцијата на Националната кампања на ХЕРА „Во...

Во Европска куќа се одржа промоцијата на Националната кампања на ХЕРА „Во ист ритам“

Особен фокус на оваа кампања се младите, и нивното поттикнување на младинско учество и младински активизам во сите демократски процеси кои се од нивен интерес. Кампањата треба да придонесе кон широка поддршка на јавноста на концептот на човекови права, родовата еднаквост, вклученост на сите категории граѓани, солидарност и поддршка на потенцијалот кој го имаат младите во земјата

Фото: ХЕРА.МК

Денес во Европска куќа, Aсоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА ја промовираше Националната кампања „Во ист ритам“, со која се цели промовирање демократските вредности и процеси, информирање на јавноста за придобивките од родово сензитивно образование кое вклучува и сексуално образование, како и утврдување политики за поддршка на родова еднаквост во земјата.

Особен фокус на оваа кампања се младите и поттикнување на младинско учество во активизмот во сите демократски процеси кои се од нивен интерес. Кампањата треба да придонесе кон широка поддршка на јавноста на концептот на човекови права, родовата еднаквост, вклученост на сите категории граѓани, солидарност и поддршка на потенцијалот кој го имаат младите во земјата. Кампањата цели да придонесе и кон информираност на јавноста и широка поддршка на започнатите системски позитивни реформи и иницирање на нови младински политики.

На промоцијата говорници беа амбасадорката на Холандија во Северна Македонија Узлем Џанел, програмската директорка на ХЕРА Елизабета Божиноска, Виктор Бучковски од ХЕРА Млади, и програмската раководителка во ХЕРА Драгана Каровска Чемерска.

Фото: ХЕРА.МК

„Холандија е убедена дека едно општество може да напредува и да се развива само кога вклучува колку што е можно повеќе различни групи. Како што велиме ние, секој придонесува со нешто единствено и посебно“, изјави амбасадорката Џанел.

Програмската директорка Божиноска го сврте винманието кон тренднот на опаѓање на менталното здравје кај младите, особено кај 15-годишните.

„Родовите нееднаквости имаат големо влијание врз општата благосостојба на децата и младите; и девојчињата и момчињата се жртви на нееднаквоста, но своето страдање го изразуваат на различен начин – родово обоен начин. Затоа е потребно, сите во ИСТ РИТАМ да го слушнеме секој глас, и со тоа да се искористи потенцијалот и поттикне секој млад човек да ја живее најдобрата верзија од себе.“ изјави Елизабета Божиноска, програмската директорка на ХЕРА.

Бучковски истакна дека „момчињата и девојките се врзани со стереотипите и се обидуваат да се препознаваат со нив и нив да ги следат, но повеќе од јасно е дека тоа е невозможно во глобално општество и дека не може да се следи трендот на родова доминација, мора да постои тренд на родова инспирациja и следејќи го овoј принцип имаме шанса да постигнеме родова еднаквост“.