Свет Европа Во Европа се очекуваат 1,4 милиони бегалци

Во Европа се очекуваат 1,4 милиони бегалци

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) очекува дека во Европа, преку Средоземно Море, оваа и следната година ќе пристигнат 1,4 милиони бегалци, што е значително повеќе од првобитните процени за 850.000 лица.

„УНХЦР подготвува план за доаѓање на околу 700.000 луѓе, кои во Европа во 2015 година бараат безбедност и меѓународна заштита“, стои во ревидираниот документ.

Во документот се наведува дека е можно е во 2016 година да пристигнат уште поголем број, но прогнозите се темелат на сличните податоци од 2015 година.