Свет Европа Во Естонија денеска се одржуваат парламентарни избори

Во Естонија денеска се одржуваат парламентарни избори

Во Естонија денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои се очекува да победи владејачката Естонска реформистичка партија, на чие чело се наоѓа актуелниот премиер Тави Роивас.

Според најновите анкети, реформистичката партија ќе освои 26 отсто од гласовите, опозициската проруска Центристичка партија – 22 отсто и социјалдемократите ќе осовојат 19 отсто.

Избирачките места се затвораат во 19 часот по средноевропско време, а победникот се очекува да биде познат уште во текот на ноќта.