Македонија Во експлозија на автопат во Турција загинаа двајца војници

Во експлозија на автопат во Турција загинаа двајца војници

Двајца војници загинаа откако бомба експлодирала на автопат на југоистокот на Турција. Како што јавуваат турските медиуми, бомбата најверојатно ја подметнале курдски бунтовници.

Државната новинска агенција „Анадолија“ јави дека експлозијата се случила на автопатот што ги поврзува градовите Марин и Дијарбакир, на југоистокот на Турција.

Бунтовниците на Работничката партија на Курдистан, откако во 2015 година пропадна мировниот договор со владата, често изведуваат напади.