Македонија Во два дена аплицирани 8.518 дози вакцини против ковид-19, мал е интересот...

Во два дена аплицирани 8.518 дози вакцини против ковид-19, мал е интересот за прва доза

Фото: Мета.мк

Интересот за примање на прва доза вакцина против ковид-19 останува мал помеѓу граѓаните, иако само 39 отсто од целата популација е вакцинирана со барем една доза. Во меѓувреме, изминативе денови растат бројките на новозаболени лица, па така бројот на активни случаи се зголеми на над 8.000.

Во понеделникот и вторникотбиле аплицирани вкупно 8.518 дози вакцини, од кои 1.883 се аплицирани како прва доза, 1.938 се ревакцинирани, а 4.700 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Заклучно со 9 ноември, вкупно се вакцинирани 811.226 граѓани, ревакцинирани се 782.460, а трета доза примиле 48.087 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 37 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.