Македонија Во ДИК до денеска се пријавиле 5.526 спорни гласачи

Во ДИК до денеска се пријавиле 5.526 спорни гласачи

Вкупно 5.526 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија оттаму.

Од нив, 2.473 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.053 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија.

Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Куманово, Сарај и Аеродром.