Свет Балкан Во Црна Гора пронајдени два костура во стан, едниот бил во фаза...

Во Црна Гора пронајдени два костура во стан, едниот бил во фаза на мумификација

Подоцна се утврдило дека костурот припаѓал на лице кое се водело како исчезнато во Србија

Фото: Rama, CC BY-SA 2.0 FR, Викимедија комонс

Црногорската полиција соопшти дека нашла два костури во стан во градот Игало, во општината Херцег Нови. Полицијата утврди дека едниот костур припаѓал на лице кое се водело како исчезнато во Србија. Истиот костурт бил во непрепознатлив облик и во фаза на мумификација.

Телата биле откриени на 12 јануари од страна на извршител кој влегол во станот.

Веднаш дошло медицинско лице, кое го отстранило едниот костур, додека мумифицираниот костур бил отстранет од работник во погребен сервис.

При меѓународна полициска соработка, српската полиција ја известиле црногорската за лицето М. И., кое се водело како исчезнато во Србија.

Откако било утврдено дека комунален работник го отстранил мумифицираното тело во депонија, црногорската полиција покренала постапка за барање на истото во депонијата. По пронаоѓањето на телото, се утврдило дека навистина припаѓало на М. И.

Во истрагата, полициските службеници покренале постапка против друго лице, кое се утврдило дека било роднина на М. И.

Аутопсијата покажала дека двата смртни случаи не биле последица на насилство.