Свет Свет В четврток осумчасовен прекин на огнот во Алепо

В четврток осумчасовен прекин на огнот во Алепо

Руските и сириските вооружени сили в четврток на осум часа ќе ги прекинат нападите на Алепо за да можат цивилите и бунтовниците да го напуштат сирискиот град.

Ова го соопшти руското министерство за одбрана,

„Во Алепо на 20 октомври, во периодот од 8 до 16 часот, на сила ќе биде хуманитарна пауза. Во тој период, руските воздухопловни сили и силите на сириската влада ќе ги прекинат воздушните напади и борбените дејства од други видови вооружување“, се вели во соопштението на руското министерство.