Свет Европа Во Чешка нема БИРС

Во Чешка нема БИРС

Не се потврди сомнежот за заболеност од смртоносниот блискоисточен синдром (БИРС) кој постоеше кај едно лице и поради што беа ставени во карантин уште околу 30 луѓе, изјави првиот човек на чешкиот завод за јавно здравје, Владимир Валента.
33-годишниот туристички водич кој пред извесно време престојувал во Јужна Кореја и понатаму ќе биде под лекарска контрола, а другите патници кои со него патувале во Полска кога му се влошила здравствената состојба и кои беа во карантин, ќе можат да си заминат дома.Според Валента, мерките кои се преземаат поради коронарниот вирус БИРС се соодветни и на аеродромите се информираат патниците со помош на летоци.

Мажот беше хоспитализиран во болница Прага поради висока температура и болки во грлото и поради сомнеж за БИРС беше изолиран во специјален оддел.

Инфекцијата БИРС се појави во 2012 година и оттогаш повеќе од 1.500 лица се заболени, а една третина од нив починаа.