Свет Во Чад војници пукале на демонстранти и убиле едно лице

Во Чад војници пукале на демонстранти и убиле едно лице

Студент од Чад е убиен од група војници, кои отвориле оган на демонстранти за време на протестот поради групното силување на една девојка.

За време на престрелката ранети се пет други лица.

– Војниците пукаа на студентите, убија еден, а ранија петмина – изјавил доктор од болницата во градот Фаја Ларгеу.

Протестот на студентите е само еден од низата инциденти во Чад, откако брутално беше силувана една девојка.