Свет Балкан Во Бугарија уапсени седум лица за поврзаност со ИСИС

Во Бугарија уапсени седум лица за поврзаност со ИСИС

Седум лица во Бугарија се обвинети дека пропагирале „антидемократската идеологија на Исламската држава“.

Како што соопшти Обвинителството, тие биле дел од организирана криминална група, предводена од имамот на џамијата во Пазарџик, Ахмед Муса Ахмед.

Бугарските власти на повеќе локации во југоисточна Бугарија, вчера спроведоа акција, а јавниот обвинител Сотир Цацаров изјави дека вчерашната акција била планирана за декември, но дека сепак морало веднаш да се дејствува, поради протекување на информации кои биле ставени на увид на јавноста.