Свет Европа Во Будимпешта се планира состанок за мигрантите

Во Будимпешта се планира состанок за мигрантите

Во Будимпешта наскоро треба да се одржи самит посветен на движењето на мигрантите преку Западен Балкан, најавија денеска од Брисел министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Во соопштението не е прецизирано кога ќе биде одржана конференцијата, но дипломатските извори велат дека најверојатно ќе се одржи во септември.

Статистиките покажуваат дека бегалците од Африка, Азија и од Блискиот Исток сè поретко се обидуваат да дојдат до територијата на ЕУ, минувајќи го Медитеранот.

Приматот, според министрите, го презеде балканската рута, која преку Турција, Грција, Македонија и Србија води до Унгарија и до другите членки на ЕУ.

Унгарија, долж границата со Србија, крева висока ограда за да ги спречи мигрантите илегално да поминат и да побараат азил.