Свет Свет Во бомбашки напад во Пакистан, најмалку 15 загинати

Во бомбашки напад во Пакистан, најмалку 15 загинати

Најмалку 15 лица загинаа, а неколку дестици се ранети во бомбашки напад на пазар во пакистанскиот регион Парачинар, во долината Курам.

Според неофицијални информации, од експлозијата се повредени 35 до 45 лица. Најмалку 15 повредени се во критична состојба, објавуваат локалните медиуми.

Сè уште не е познато дали станува збор за самоубиствен бомашки напад.

Уапсени се две лица осомничени за нападот.