Македонија Во Богданци утре ќе се одржи референдум за рудникот Казандол

Во Богданци утре ќе се одржи референдум за рудникот Казандол

Граѓаните на Оштина Богданци утре на референдум треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“ изградбата на рудникот за бакар Казандол и за отворање на рудници на територијата на општината. Право на глас имаат околу 7.000 жители, кои ќе гласаат на 12 избирачки места.

На референдум за рудникот Казандол ќе излезат и жителите на Дојран на 18 јуни, а во постапка за референдум се и граѓаните на Валандово.

На 24 април, гевгеличани исто така на референдум гласаа против отворање на рудници на планината Кожуф.