Свет Балкан Во Белград се одржа „Парада на гордоста“

Во Белград се одржа „Парада на гордоста“

Во Белград денеска се одржаа „Парада на гордоста“ и „Гордост на транссексуалците“, а учесниците се прошетаа од Владата на Србија до Градското собрание.

Полицијата, за време на траењето на парадата, го уапсила лицето Урош Мишиќ и уште седум други мажи во фантомки, заради сомнеж дека планираат напад врз учесниците.

И двете манифестации поминаа без поголеми инциденти, а центарот на градот го обезбедуваат зголемен број полициски сили на безбедност.

Група од околу 70 лица, пак, предводени од свештени лица, се движат по истата траса по која се движеа учесниците на парадата, а свештениците улиците ги посипуваа со света вода.