Свет Во експлозија на автомобил бомба во Багдад, убиени 13 лица

Во експлозија на автомобил бомба во Багдад, убиени 13 лица

Во експлозија на автомобил бомба во Багдад загинаа 13 шиитски аџии кои одбележувале годишнина од смртта на имам.

Паркираниот автомобил бомба експолодирал околу пладне во југозападниот дел на Багдад, а во нападот повредени се најмалку 28 лица.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, меѓутоа терористичката организација Исламска држава редовно изведува терористички напади на ирчаките шиити, кои ги смета за еретици.

Повеќе илјади шиитски верници се упатија претходните денови кон светилиштетот во багдадската населба Кадимијах, каде што е погребан имамот Муса ал Казим, кој загинал во 799 година.

Според податоците на Обединетите нации, најмалку 741 Ирачанин се убиени во април, а 1.474 се ранети.