Македонија Во авионска несреќа кај Солунска Глава загина цело семејство од Бугарија

Во авионска несреќа кај Солунска Глава загина цело семејство од Бугарија

Георги Бошнаков, кој со сопругата и двете ќерки загина вчера откако „цесната“ со која летале од Охрид за Софија падна кај Солунска Глава, бил бизнисмен што имал имал компанија за рециклирање на отпадоци.

Малиот авион од типот цесна П210Н кој вчера попладне исчезнал од радарите близу Солунска Глава, се урнал близу до овој врв. Остатоците од авионот се пронајдени, како и телата на четирите патници – бугарски државјани, информираа за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Остатоците од авионот ги лоцирале хеликоптери и спасувачки екипи од МВР. Авионот сообраќал на релација Охрид – Софија.