Свет Балкан Во Атина демонстранти опустошиле продавница и ја поделиле храната

Во Атина демонстранти опустошиле продавница и ја поделиле храната

Неколку десетици антивладини демонстранти денеска насилно влегле во продавница во предградие на Атина, ја ограбиле и им ја поделиле храната на граѓaните, јавуваат грчките медиуми.

Инцидентот се случил во предградието Виронас, во источниот дел на Атина, каде околу 30 демонстранти влегле во продавницата, ја зеле храната од полиците и околу неа расфрлале памфлети.

Полицијата соопштува дека никој не е повреден.

Денеска во Атина, во исто време, на посебни протести ќе се појават тие што се за позитивен одговор и тие кои на референдумот в недела имаат намера да заокружат „не“, како што препорачува грчката влада.