Македонија ВМРО-НП: МПЦ и провладините медиуми молчат за пораката на г.г. Кирил во...

ВМРО-НП: МПЦ и провладините медиуми молчат за пораката на г.г. Кирил во Србија

VMRO- Partia Popullore

ВМРО – Народна партија изразува длабоко жалење од целосниот медиумски мрак на провладините медиуми за посетата на московскиот и патријархот на цела Русија, г.г. Кирил на Србија, премолчувајќи ги кристално чистите и јасни негови пораки за статусот на МПЦ, се вели во реакцијата од партијата.

„Имено, рускиот патријарх на средбата со српскиот патријарх, недвосмислено порача дека МПЦ е неотуѓив дел од СПЦ. Како потврда на ова, следуваше и официјална средба со претставници на непризнатата црква во Македонија, Православната охридска архиепископија на расчинетиот владика Вранишковски. Дополнително, поканата на ПОА да учествува на богослужба заедно со руски и со српски православни свештеници во сослужение чиноначалствувано од рускиот патријарх и од српскиот поглавар, канонски ја определуваат позицијата на ПОА за нивна братска православна црква“, стои во соопштението од ВМРО-НП.

ВМРО – Народна партија очекува жестока реакција од Синодот на МПЦ за крајно негаторскиот однос на братските православни цркви на Русија и на Србија, кон МПЦ.

– На големо наше разочарување, немаше никаква реакција и од страна на официјалните власти во одбрана на правата на православните македонски верници претставени од МПЦ. Ваквиот дециден став на рускиот патријарх ги демаскира сите заговорници од власта и нејзините медиуми дека заради одбраната на идентитетот треба да се определиме за Русија како наш иден стратегиски партнер, со Србија како наш главен лобист. ВМРО – Народна партија постојано укажува на сите провокации и негирања што доаѓаат од Србија, а како по правило не наидуваат на никаква осуда од страна на власта. Премолчувајќи го и овој голем скандал, кој значи директно негирање на македонскиот идентитет, свесно нè фрла во прегратките на Србија. И за крај, дали огромниот порив на симпатии од власта кон Србија, ќе оди дотаму да резултира со дистанцирање од МПЦ и приближување кон ПОА“, се вели во соопштението од ВМРО-НП.