Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Здравството се претвора во семејна фирма на фамилии блиски до власта

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството се претвора во семејна фирма на фамилии блиски до власта

По назначување на тројцата митаџии и криминалци за директори на скопските клиники, Јане Митковски, Дејан Докиќ и Иван Барбов, кои ја скандализираа македонската јавност, министерот за здравство, Арбен Таравари, ги назначи ќерката и зетот на Стојмир Петров, сопственик на веледрогеријата „Елбојор“, за директори во две различни здравствени установи во Скопје, изјави денеска на прес-конференција Дарко Костовски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека Владата на СДСМ и министерот Таравари го претвораат здравството во „семејна фирма на неколку фамилии блиски до власта“.

– Неодговорниот Таравари го назначи Христијан Костов, зетот на Стојмир Петров, за директор на Градската општа болница „8 Септември“, а неговата сопруга и ќерка на Стојмир Петров, Елена Костова, за директорка за Геријатриската болница во Ѓорче Петров. Со именувањето на ќерката и на зетот на сопственикот на една од поголемите веледрогерии во државата за директори на едни од најголемите здравствени установи се отвара можност за судир на интереси и за создавање нелојална конкуренција на пазарот со веледрогерии – изјави Костовски.