Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Здравјето на граѓаните никогаш не било приоритет за СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Здравјето на граѓаните никогаш не било приоритет за СДСМ

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ во врска со состојбата во здравството, истакнувајќи дека здравјето на граѓаните никогаш не било приоритет за опозициската партија.

– СДСМ сака народот да заборави дека во нивно време пациентите беа оставени без акцелератор за зрачна терапија. СДСМ сака да се заборави дека болните од рак беа принудени да патуваат во Грција за зрачна терапија, каде за само еден третман плаќаа повеќе од 1.000 евра, бидејќи СДСМ не обезбеди ниту еден акцелератор. Пациентите со малигни заболувања ја добиваат потребната терапија за најмногу три дена – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека оваа влада првпат го реши проблемот на лицата со ретки болести.

– Денес, лековите за лицата со ретки болести се на товар на државата. Обезбедена е терапија за 82 пациенти со 16 различни дијагнози, а со набавка на лековите за кои е во тек постапката, ќе бидат опфатени вкупно 201 пациент – се вели, меѓу другото, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.