Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да ја дефокусира јавноста од реалните теми

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да ја дефокусира јавноста од реалните теми

Институциите, во рамки на своите законски и уставни надлежности, треба да ги утврдат сите факти и околности, но и мотиви и цели и на инспираторите, и на поддржувачите и на извршителите на ова сценарио, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за денешната прес-конференција на СДСМ и на лидерот на партијата, Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев, материјалите за кои тврди дека упатуваат на евентуално противзаконско постапување на кое било лице, да ги достави до надлежните институции за понатамошно постапување и за правна завршница во транспарентна и законска процедура.

„Заев само продолжува да тоне и e полн со контрадикторности и со небулози. Сака да направи цела македонска јавност, вклучително и неговите сопартијци, да се држат во заложништво и јавноста да биде под уцена и да биде дефокусирана од реалните теми и потреби на граѓаните. Заев има една очигледна, проѕирна и површна намера, да се претстави и себеси како жртва и тоа во ситуација кога тој не е ништо друго освен марионета, која што работи и дејствува во функција на туѓи интереси“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.