Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги откри преговарачките тактики на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги откри преговарачките тактики на Македонија

„Зоран Заев со денешната прес-конференција покажа дека вистината е една и единствена и дека од неа, дури и со сечени, прилепувани и монтирани материјали, какви што тој употребува, не може да се избега“,  реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната „бомба“ на СДСМ.

Од партијата велат дека денеска е совршено јасно која е функцијата на наративот на Заев, кој, според ВМРО-ДПМНЕ, е подолг од разговорите што ги емитувал. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека непријатно е колку може човек да се спушти ниско во своите лаги.

– Со денешната прес-конференција, практично ја олесни позицијата на Република Грција и ги откри преговарачките тактики на Република Македонија. Денеска е повеќе од јасно дека Заев е обичен инструмент за дестабилизација и дека спроведува однапред напишано сценарио, спротивно на државните интереси – стои во реакцијата на владејачката партија.