Македонија ВМРО-ДПМНЕ: За 88 дена доаѓа крајот на деструктивниот СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: За 88 дена доаѓа крајот на деструктивниот СДСМ

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е во тоа што ВМРО-ДПМНЕ креира услови за отворање фабрики и нови работни места, а СДСМ креира фабрики за афери, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на опозицијата.

„Реномираната белгиска компанија „Ван Хол“ отвора втора фабрика во Македонија, во која ќе се произведуваат автобуси и за европскиот пазар. Во првата фабрика на „Ван Хол“ во Македонија веќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар. Ова се само дел од десетиците странски компании во Македонија што инвестираат во земјата благодарение на работењето и на условите што ги создаде владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова се бројките што се проблематични за СДСМ. Ем немаат ниту „п“ од програма за избори, со која макар ќе ги лажат гласачите ветувајќи им планини и долини, ем владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано им покажува како се работи за Македонија“, пишува во реакцијата на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за само 88 дена доаѓа крајот на деструктивниот СДСМ кој не ја сака „економски просперитетната Македонија, туку Македонија во урнатини, каква што ја остави зад себе“.