Македонија ВМРО-ДПМНЕ во Кичево и во Македонски Брод, СДСМ во Свети Николе и...

ВМРО-ДПМНЕ во Кичево и во Македонски Брод, СДСМ во Свети Николе и во Велес

Во рамките на кампањата за локалните избори, кои ќе се одржат на 15 октомври, денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одржат митинзи во Македонски Брод и во Кичево. Митингот во Македонски Брод почнува во 18 часот, а два и пол часа подоцна ќе биде одржан митингот во Кичево.

СДСМ и коалицијата ќе имаат собири со граѓани во Лозово во 17 часот, во Градско во 18 часот и во Чашка во 19 часот. Митинзите ќе бидат во Свети Николе во 18.30 часот и во Велес во 20 часот.

Беса ќе има митинг во Црнилиште со почеток во 17.30 часот, а ДУИ ќе одржи митинзи во Боговиње и во Врапчиште.