Македонија ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром и во Валандово ќе ги кандидира сегашните градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром и во Валандово ќе ги кандидира сегашните градоначалници

Со одлука на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партијата како свои кандидати за градоначалници на општините Аеродром и Валандово на локалните избори ќе ги кандидира актуелните градоначалници, Ивица Коневски и Николче Чурлиновски, соопшти на прес-конференција Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека партијата ќе оствари убедлива победа на локалните избори и најави и предвремени парламентарни избори по „победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори“.

– Граѓаните за овие три месеци најлесно можеа да ја увидат разликата помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ. Токму локалните избори и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе отворат можност заедно со граѓаните да ставиме крај на ова лудило и на деструктиција на СДС. Час поскоро по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, ќе почне процесот за предвремени парламентарни избори, со кои ќе се спречат последиците од штетни политики што СДС ги води и во сферата на економијата, земјоделството и во локалниот развој, но најважно од сè, во насока на разнебитување на Република Македонија – рече Мицкоски.