Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се крие зад празните соопштенија полни со неточни информации

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се крие зад празните соопштенија полни со неточни информации

Никола Тодоров се појавува во јавноста бидејќи има што да покаже, презентира, најави и реализира, стои во соопштението од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на реакцијата на СДСМ по најавата на министерот за здравство на нови тимови, возила и плати за Итната медицинска служба во Скопје.

„СДСМ не се ни појавува во јавноста, туку се крие зад празните соопштенија полни со неточни информации, огромни лаги и неверојатни измислици. Во ретките прилики кога ќе се појави во јавноста, СДСМ од петни жили се труди да ги убеди граѓаните дека она што го гледаат не е вистина. Тоа се обиде да го направи Јагода Шахпаска која пред новата гинеколошка клиника тврдеше дека клиниката не постои и дека нема вложувања во здравството.

Од владејачката партија велат дека СДСМ, наместо да ги поздрави мерките од кои бенефит имаат сите граѓани, повторно се гуши во црните кампањи и чадот од фабриките за афери на Чауш.

„И тогаш кога се работи за здравјето и животот на граѓаните, СДСМ не гледа подалеку од сопствениот нос. Затоа СДСМ не може да прифати дека ќе биде дуплиран бројот на итни медицински тимови во Скопје. СДСМ е трагедија. За среќа на граѓаните, СДСМ не е тој кој се прашува дали треба или не треба нешто да се направи“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.