Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да дојде на власт без поддршка од граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да дојде на власт без поддршка од граѓаните

„Одработуваат туѓо сценарио, само и само да се доберат до власт без поддршка од граѓаните. И денешната нивна прес-конференција само потврдува дека во СДСМ немаат никаков концепт“, регираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСM во Струмица.

„Денеска СДСМ одлучил прес-конференцијата да ја одржи Панче Орцев, човекот кој е најблизок бизнис-партнер на Зоран Заев и на целиот клан Заеви. Деструктивното сценарио на СДСМ не им поминува кај граѓаните. На сите им е јасно дека СДСМ се обидува без поддршка од народот, со директна помош од странски центри да се добере до власт“,  се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.